VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

04 Мај 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Пораст на продажбата на оружје за Блискиот Исток

04/05/2009

Според неодамна објавени податоци, трансферот на оружје на Блискиот Исток се зголемил за 38 проценти во изминативе пет години, споредено со претходните пет, а САД, Русија и Германија и натаму се меѓу најголемите извезувачи на оружје.

Во извештајот на независниот Меѓународен институт за истражувања за мир од Стокхолм стои дека обемот на трансфер на оружје во светски рамки нараснал за 21 проценти во последниве пет години.

Според Пол Холтом, раководител за Програмата за трансфер на оружје при Институтот, листата на главни извезувачи на оружје е константна со години наназад.

„Првите пет снабдувачи на оружје и натаму се САД, Русија, Германија, Франција и Велика Британија“, вели Холтом.

Извозот на оружје од Русија во периодот од 2004-2008, е за 14 проценти поголем споредено со претходните пет години, главно заради интензивната достава за Азија, Африка и Јужна Америка.  Холтом коментира дека зголемената цена на нафтата од тој период, што во меѓувреме се намали, навидум е е еден од факторите за зголемена набавка на конвенционално оружје.

Овој аналитичар додава дека е тешко да се предвиди какво влијание во иднина ќе имаат намалувањето на цената на нафтата и глобалната економска криза на светската трговија со оружје.  Па сепак, Холтом наведува дека има првични показатели дека одредени земји ја намалуваат побарувачката на оружје. 

„На пример, Малезија ги откажа порачките на хелихоптери, а Бразил  ја преиспитува својата позиција дали да реализира дел од своите големи зделки“, вели Холтом.

Во најновиот извештај на Меѓународен институт за истражувања за мир од Стокхолм се наведува дека забележан е зголемен обем на трансфер на оружје за периодот 2004-2008 во земјите инволвирани во вооружени конфликти, како Авганистан, Грузија, Израел, Пакистан и Шри Ланка.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Бернанки гледа пораст на економијата подоцна годинава
Американско-кинески поморски инцидент
Зголемен број Американци на лекови за ментални болести
Мексико: Свинскиот грип ја оштети домашната економија 2,2 милијарди долари
Свинскиот грип може да се врати “со сета сила“, предупредува првиот човек на СЗО
Вирусите на грип се непредвидливи затоа што постојано се менуваат
Ирак: Нема продолжување на рокот за повлекување на американските сили од градовите
Секретарот Гејтс на турнеја на Блискиот исток
Обама во првите 100 дена на функцијата внесе промени
Облакодерот „Емпајар стејт билдинг“ „позеленува“  Video clip available
„Њујорк тајмс“:  САД загрижени за пакистанскиот нуклеарен арсенал поради талебанското бунтовништво
Обама предлaга даночна реформа за американските бизниси кои работат во странство
Економијата на ЕУ во многу полоша состојба од предвиденото
На новинар од Шри Ланка постхумно доделена награда за слободата на печатот
Милитантите убија 27 лица во Авганистан
Пораст на продажбата на оружје за Блискиот Исток
НБА: Атланта го елиминира Мајами
Хонг Конг потврди прв случај на свински грип
Фридом Хаус: Слободата на печатот во светот во опаѓање
САД: Работодавците на илегални работници на удар
Американскиот потпретседател ќе го посети Балканот
На глобално ниво - бројот на заболени од свински грип во пораст
Затворањето на Мексико влезе во сила
Протести на Денот на трудот во Турција и Германија
Поранешен „непријателски борец“ се изјасни за виновен за поддршка на тероризам
На претседателските избори во САД гласал најразнолик електорат досега
Африканците имаат најмногу генeтски варијации
САД: 13 земји во светот не почитуваат верски слободи
Судија на Врховниот суд во САД најави пензионирање