VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

04 Мај 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Вирусите на грип се непредвидливи затоа што постојано се менуваат

04/05/2009

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека вирусите на грип се непредвидливи бидејќи еволуираат, па оттаму државите не треба да го спуштаат гардот во однос на вирусот Х1Н1 на грипот А, попознат како свински грип.  Вкупниот број на потврдени случаи на заразени за кои државите ја известиле СЗО изнесува 1.025, од кои 26 завршиле со смрт. 

СЗО советува луѓето да не посветуваат толку внимание на бројките, колку на тоа дека вирусот продолжува да еволуира и никој со сигурност не знае дали ќе дојде до избивање на нова, слаба или силна зараза. 

Помошникот-генерален директор на СЗО за здравствена безбедност и животна средина Кеиџи Фукуда вели дека најголем број на случаи има во Мексико, САД и Канада, иако се јавува и за случаи во Азија, Европа и Јужна Америка.  Според Фукуда, СЗО и натаму ќе го задржи нивото на будност од пандемија на високиот степен 5.  Највисокиот степен - 6, означува  пандемија од светски размери, но Фукуда вели дека во моментов нема докази за континуирано пренесување на вирусот во земја или регион надвор од Северна Америка. 

„Степенот 6 значи дека сме сведоци на натамошно ширење на вирусот во земји надвор од само еден регион.  Ако забележиме бројно избивање на вирусот на различни места во светот во исто време, тоа ќе ни укаже дека вирусот има фатено корен и дека треба да очекуваме заболувањето да се појави во најголемиот дел на земји во светот.  Тоа е различно од жестокоста на пандемијата.  Жестокоста на пандемијата се однесува на тоа кога луѓето ќе заразат, колку голем број од нив ќе заболат сериозно“, вели Фукуда. 

Според претставникот на СЗО, мошне е важно будно да се следи еволуцијата на болеста.  Светот денес е многу подобро подготвен да одговори на пандемија за разлика од 1918-та, вели Фукуда, кога таканаречната Шпанска грозница што траела до 1919-та, однела 50-на милиони човечки животи.  СЗО смета дека нема индикации дека светот е соочен со таква тешка ситуација. 

Фукуда го повтори и ставот на СЗО дека луѓето се  заразуваат со вирусот Х1Н1 од луѓе, а не од свињи.  Луѓето нема да се заразат од конзумирање на соодветно подготвено свинско месо, рече Фукуда


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Бернанки гледа пораст на економијата подоцна годинава
Американско-кинески поморски инцидент
Зголемен број Американци на лекови за ментални болести
Мексико: Свинскиот грип ја оштети домашната економија 2,2 милијарди долари
Свинскиот грип може да се врати “со сета сила“, предупредува првиот човек на СЗО
Вирусите на грип се непредвидливи затоа што постојано се менуваат
Ирак: Нема продолжување на рокот за повлекување на американските сили од градовите
Секретарот Гејтс на турнеја на Блискиот исток
Обама во првите 100 дена на функцијата внесе промени
Облакодерот „Емпајар стејт билдинг“ „позеленува“  Video clip available
„Њујорк тајмс“:  САД загрижени за пакистанскиот нуклеарен арсенал поради талебанското бунтовништво
Обама предлaга даночна реформа за американските бизниси кои работат во странство
Економијата на ЕУ во многу полоша состојба од предвиденото
На новинар од Шри Ланка постхумно доделена награда за слободата на печатот
Милитантите убија 27 лица во Авганистан
Пораст на продажбата на оружје за Блискиот Исток
НБА: Атланта го елиминира Мајами
Хонг Конг потврди прв случај на свински грип
Фридом Хаус: Слободата на печатот во светот во опаѓање
САД: Работодавците на илегални работници на удар
Американскиот потпретседател ќе го посети Балканот
На глобално ниво - бројот на заболени од свински грип во пораст
Затворањето на Мексико влезе во сила
Протести на Денот на трудот во Турција и Германија
Поранешен „непријателски борец“ се изјасни за виновен за поддршка на тероризам
На претседателските избори во САД гласал најразнолик електорат досега
Африканците имаат најмногу генeтски варијации
САД: 13 земји во светот не почитуваат верски слободи
Судија на Врховниот суд во САД најави пензионирање