Фридом Хаус: Слободата на печатот во светот во опаѓање
01/05/2009
Freedom on the Web
Приватна група со седиште во
САД што поддржува слобода во светот вели дека глобалната слобода на
печатот се влошува седум години по ред заклучно со 2008.
Во извештајот објавен во петок,
Фридом Хаус вели дека нашла намалување во слободата на печатот во секој рекион во светот и дека тоа не било
ограничено само на традиционално авторитарните
области. Во тој извештај Израел, Италија и Хонг Конг се спуштиле од статусот слободни
во делумно слободни земји.
Целиот регион на
Балканот, извештајот вели, го дели глобалниот тренд, а посебно ги набележува Босна
и Херцеговина, Бугарија и Хрватска, каде имало зголемени физички закани и
заплашување на новинарите. Во Бугарија и Хрватска имало ретки убиства на
припадници на медиумите. Во Босна и Херцеговина, властите во Република Српска
покажале зголемена политичка контрола врз медиумите.