Зголемен број Американци на лекови за ментални болести
05/05/2009
Американско истражување покажа дека цифратана Американци кои користат лекови за ментално
здравје нагло е зголемена во периодот меѓу 1996-та и 2006-та.
Извештајот во журналот за Здравје се вели дека тој пораст
е 73 отсто меѓу возрасните и 50 отсто меѓу децата, во периодот од 10 години.
Истражувачите, кои собрале податоци од анкети на
национално ниво, тоа го припишуваат на зголемувањето на подобриот пристап до
нега и поголемо познавање за лековите за ментални болести од страна на
лекарите.
Зголемена е побарувачката особено за анти-депресанти и
лекови за Алцхајмеровата болест.
Автор на студијата е Ричард Френк, од Универзитетот
Харвард и Шери Глајд од Универзитетот Колумбија во Њујорк.