VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

30 Април 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Крајслер оди во банкротство

30/04/2009

Новинските извештаи велат дека американскиот автомобилски производител  Крајслер ќе пријави банкротство откако американскиот Оддел за финансии не постигна договор за намалување на долгот на компанијата спрема заемодавачите.  

Разговорите пропаднаа доцна во средата откако повеќе од 40 инвестициони фондови  ја одбија понудата на Одделот за финансии за подмирување на долгот на Крајслер во висина од 6,9 милијарди долари, во замена за готовина од 2,25 милијарди.  

Администрацијата на Обама на Крајслер му даде рок до полноќ да го намали својот долг и да формира партнерство со италијанскиот  автопроизводител Фиат за да добие шест милијарди долари федерална помош. Крајслер веќе прими четири милијарди итна помош во заеми од Вашингтон.  

Администрацијата го постави рокот по отфрлањето на претходниот план на Крајслер за реструктуирање поднесен минатиот месец.

Иако разговорите пропаднаа меѓу Одделот за финансии и заемодавачите на Крајслер, американскиот автомобилски производител наводно се ближи до постигнување договор со Фиат, за формирање партнерство. Доколку Крајслер пријави банкротство, а Крајслер-Фиат сојузот биде формиран, сегашниот извршен директор на Крајслер, Роберт Нардели, ќе мора да си даде оставка.

Во средата навечер членовите на синдикатот на автопроизводителите одобрија ревидиран договор со Крајслер што на синдикатот ќе му даде 55 процентен удел во автопроизводителот. Со тоа би се платила здравствената заштита за пензионираните синдикалци.  

Крајслер веќе постигна договор за намалување на работните трошоци со членови на синдикатот на нивните канадски објекти.


На прес конференција во Белата куќа во средата навечер претседателот Барак Обама кажа дека верува, сега повеќе отколку минатиот месец, дека Крајслер ќе остане во бизнис.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Бернанки гледа пораст на економијата подоцна годинава
Американско-кинески поморски инцидент
Зголемен број Американци на лекови за ментални болести
Мексико: Свинскиот грип ја оштети домашната економија 2,2 милијарди долари
Свинскиот грип може да се врати “со сета сила“, предупредува првиот човек на СЗО
Вирусите на грип се непредвидливи затоа што постојано се менуваат
Ирак: Нема продолжување на рокот за повлекување на американските сили од градовите
Секретарот Гејтс на турнеја на Блискиот исток
Обама во првите 100 дена на функцијата внесе промени
Облакодерот „Емпајар стејт билдинг“ „позеленува“  Video clip available
„Њујорк тајмс“:  САД загрижени за пакистанскиот нуклеарен арсенал поради талебанското бунтовништво
Обама предлaга даночна реформа за американските бизниси кои работат во странство
Економијата на ЕУ во многу полоша состојба од предвиденото
На новинар од Шри Ланка постхумно доделена награда за слободата на печатот
Милитантите убија 27 лица во Авганистан
Пораст на продажбата на оружје за Блискиот Исток
НБА: Атланта го елиминира Мајами
Хонг Конг потврди прв случај на свински грип
Фридом Хаус: Слободата на печатот во светот во опаѓање
САД: Работодавците на илегални работници на удар
Американскиот потпретседател ќе го посети Балканот
На глобално ниво - бројот на заболени од свински грип во пораст
Затворањето на Мексико влезе во сила
Протести на Денот на трудот во Турција и Германија
Поранешен „непријателски борец“ се изјасни за виновен за поддршка на тероризам
На претседателските избори во САД гласал најразнолик електорат досега
Африканците имаат најмногу генeтски варијации
САД: 13 земји во светот не почитуваат верски слободи
Судија на Врховниот суд во САД најави пензионирање