Мексико: Свинскиот грип ја оштети домашната економија 2,2 милијарди долари
05/05/2009
Мексико
обелодени дека ширењето на вирусот на свински грип А Х1Н1 ја чинеше домашната
економија најмалку 2,2 милијарди долари.
Министерот
за финансии Агустин Карстенс изјави дека мексиканските училишта, ресторани и
други бизниси остануваат затворени уште еден ден во обид да се спречи ширењето
на заразата.
Мексиканската
туристичка индустрија е најтешко погодена како резултат на појавата на вирусот.
Многу држави ги советуваа своите државјани да избегнат патување воМексико
ако тоа не е неопходно, додека авионски компании откажаа летови и луксузни
бродови кои застануваа по мексиканските пристаништа.
Во меѓувреме, авион на Мексико
е во Кина за да врати дома околу 70 мексикански државјани кои таму биле во
карантин заради стравување од инфекција со вирусот на свински грип А Х1Н1.
Околу 25 студенти од Канада
биле во карантин цела недела во северозападна Кина и двајца американски
државјани исто така билево изолација во
хотел во предрадие на Пекинг.
Кина вели дека овие мерки биле
неопходни за заштита на завното здравје, додеканекои на нив гледаат како на претерани и контроверзни.
Светската здравствена
организација соопшти дека скоро 1500 случаи на заразени случаи се потврдени на
светско ниво, вклучувајќи и 30-ти починати. Сите жртви освен еден се во
Мексико.