четврток, 14 февруари 2013

Актуелно

Мошне блиска средба меѓу астероид и Земјата

Астрономите уверуваат - нема опасност

2012 ДА14, прикажан на оваа симулација на НАСА, има дијаметар од 45 метри, тежи околу 130.000 тони и спаѓа во категоријата на мали астероиди.  Ќе мине толку близу до Земјата, што ќе биде поблиску од метеоролошките и комуникациски сателити кои кружат околу планетата.
2012 ДА14, прикажан на оваа симулација на НАСА, има дијаметар од 45 метри, тежи околу 130.000 тони и спаѓа во категоријата на мали астероиди. Ќе мине толку близу до Земјата, што ќе биде поблиску од метеоролошките и комуникациски сателити кои кружат околу планетата.
Големина на текстот - +
Астрономите од цел свет се подготвуваат за рекордно блиско минување на астероид покрај Земјата на 15-ти февруари.
 
Астероидот означен како 2012 ДА14 има дијаметар од 45 метри, тежи околу 130.000 тони и спаѓа во категоријата на мали астероиди.  Ќе мине толку близу до Земјата, што ќе биде поблиску од метеоролошките и комуникациски сателити кои кружат околу планетата.  Се работи за досега најблиско предвидено минување на астероид од ваква категорија.
 
x
​​Но, стручњаците наведуваат дека нема причина за загриженост.

„Не постои никаква опасност за нашата планета“, изјави за Гласот на Америка Линдли Џонсон од Програмата на НАСА за надгледување на објекти кои минуваат блиску до Земјата.
 
Блиска средба
 
Според Џонсон, астероидот ќе мине на 27.700 километри од Земјата, што е околу една десетина од растојанието меѓу Земјата и Месечината.
„Минувањето на астероиди близу Земјата е честа појава“, објаснува Џонсон, додавајќи дека само минатата година преку 20 патот ги однел меѓу Земјата и Месечината.  Но, вообичаено тие се многу мали, најчесто по неколку метри.
 
Астероидот од 45 метри ќе мине покрај Земјата со брзина од 7,8 километри во секунди, или 10 пати побрзо отколку куршум.
 
Дали ќе може да се види?
 
2012 ДА14 ќе биде најблизу до Земјата на 15-ти февруари, во 21 часот и 24 минути според македонско време.  НАСА наведува дека во тоа време ќе виде видлив во делови од Источна Европа, Северна Африка, Азија и Австралија. Ќе ви биде потребен двоглед или телескоп за да ја забележите бледата точка светлина како минува долж небото.
 
Астероидите во соседството
 
НАСА проценува дека околу 100.000 објекти од оваа големина се наоѓаат во непосредна близина на Земјата. Во просек, еден од нив минува доволно близу секои 40 години, а се судира со Земјата секои 1.200 години.
 
Во 1908-ма, нешто помал астероид се урна во Сибир.  Експлозијата срамни дрвја на површина од над 2.000 километри квадратни.
 
Можност за проучување
 
Минувањето на астероидите близу Земјата претставува извонредна можност за научниците.
 
„Покрај испраќање на летало во близина на астероидот, ова е другата извонредна можност да го испитаме телото и да дознаеме што е можно повеќе за него“, вели Џонсон од НАСА.
 
НАСА планира да лансира вселенско летало во 2016-та кое ќе истражува нов астероид и ќе донесе примерок од него.
 
Агенцијата предвидува дека следната блиска средба на 2012 ДА14 со земјата ќе биде во 2046-та.
Коментари
     
Нема коментари на овој форум. Бидете првиот кој ќе коментира.

NEWSFLASH

Loading
12:00:00 / -:--:--
Преземете

Вести од САД во минута

Loading
12:00:00 / -:--:--
Преземете

 

Дружете се со нас