VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Пронајден славен потонат брод – каде е златото?

11/02/2009

Група американски истражувачи најде остатоци на еден од најважните бродови во британската морнаричка  историја.  „ХМС Виктори" потона во Ла Манш во 1744-та со повеќе од илјада луѓе на себе и - многу веројатно - со четири тони злато.  Точното место на несреќата и богатството беа мистерија – се` досега.  

Судбината на „ХМС Виктори" со векови претставуваше загатка за многу историчари и ловци на богатство.

- Не се случува секој ден да исчезне  брод и никој да не знае што се случило со него, вели Грег Стем од компанијата за поморско истражување „Одисеј" која ја реши мистеријата.

Истражувачите на „Одисеј" откриле два бронзани топа од бродот, што потврдило дека станува збор за „ХМС Виктори".  Работата на „Одисеј" ја следеле камерите на ТВ-каналот Дискавери, со седиште во САД.  

„Одисеј" наиде на остатоци од бродот на речиси 100 километри од местото каде се верувало дека бродот потонал.  Истражувачите се разбирливо возбудени и се надеваат дека ќе најдат повеќе.  

- Се разбира, богатството е она што го баравме. Мора да ги платиме сметките, вели Том Детвајлер, раководител на „Одисеј". 

Според документацијата што ја најде „Одисеј", бродот носел четири тони злато.  Истражувачите веруваат дека тоа денес може да чини повеќе од  една милијарда  долари.  Но британската влада вели дека бродот и се` што тој носел – е нејзино.

„Одисеј" се надева дека ќе постигне договор со Британија во замена за извлекување на бродот од дното.

- Тоа не го правиме бесплатно.  Се надеваме дека ќе ни ги платат дневните трошоци и би сакале да  го поделиме богатството, коментира Том Детвајлер.

„Одисеј" наведува дека трошоците се големи – 35.000 долари на ден.  Процесот на извлекување може да трае една година. Засега, екипажот на Odyssey ужива во славата, сонувајќи за нешто повеќе.  

- Ова може да биде едно од најголемите откритија во историјата, вели Том Детвајлер. 

 „Одисеј" ја чува локацијата на потонатиот број како  најголема тајна.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Обама: Индустријата за здравствена заштита ќе ги намали трошоците

  Повеќе
Екипажот на Атлантис на мисија за поправка на Хабл
Петреус посочува на заканата од Талебан
Папата во посета на Израел
Во Техеран ослободена американската новинарска од иранско потекло
Републиканците тврдат дека затворањето на Гвантанамо е опасен чекор
Кина потврди прв случај на свински грип на главниот дел на својата територија
Алат што исфрла искри - причина за пожарите во Калифорнија
Вселенска мисија за поправка на телескопот Хабл
Владата на Обама ги зајакнува дипломатските редови
Кантри-пејачката Тања Такер со нов албум  Audio Clip Available
Интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ – регата, а не конвој  Video clip available
Вселенско рандеву на Атлантис со Хабл
САД: намален бројот на отпуштања од работа, но невработеност нараснала на 8.9%
Убиени 140 милитанти во акцијата во Сват, тврди пакистанската армија
Илјадници во Калифорнија ги напуштија домовите поради шумски пожар
Папата на блискоисточна турнеја порача дека длабоко го почитува исламот
Кливленд Кавалирс поведоа со 2-0 против Атланта Хоукс
Владиниот „стрес-тест“ утврди банките да ја зголемат сумата на пари на располагање
Гејтс: Мали се шансите Талебан да дојде до нуклеарното оружје на Пакистан
Претпазливите американски потрошувачи повторно купуваат
Пакистан започна воздушни напади против Талебан
Владиниот „стрес-тест“ ја покажа издржливоста на банките
Жестоки протести против цивилни жртви во Авганистан
Обама: САД, Авганистан и Пакистан имаат заеднички непријател
Обама најави буџетски скратувања од 17 милијарди долари
Шефот на руската дипломатија гостин во Белата куќа
СЗО се` уште го проучува „свинскиот грип“, препорачува внимателност
Телефонски разговор Барак Обама - Ху Џинтао
Меин стана петтата сојузна држава во САД со легализирани истополови бракови
Клинтон изрази жалење за цивилните жртви во Авганистан
Обама се среќава со лидерите на Пакистан и Авганистан