VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Германски маршалов фонд: Европските прашања САД ќе ги остават да ги решава Европа

27/03/2009

[insert caption here]
Американскиот претседател ќе учествува на самитот на Г-20, на самитот на НАТО, а ќе ја посети и Турција. Непосредно пред неговото заминување, стручњаци од Германскиот маршалов фонд ги изнесоа своите гледања на очекувањата на Европејците од оваа посета. Посветување внимание на регионот на Југоисточна  Европа не е меѓу нив.

Иан Лесер, експерт за Медитеранот и трансатланстска соработка по нови безбедносни  и јавно-политички предизвици, вели дека намалувањето на ангажманот на американската администрација во овој регион не започнува со администрацијата на Обама.

„Јас би рекол дека во споредба со  администрацијата на Клинтон, администрацијата на Буш во оваа област беше всушност дезангажирана, зашто едноставно имаше други надворешно-политички приоритети, како  Блискиот исток и Авганистан, на пример. За оваа администрација  јас не би рекол дека ќе биде неангажирана, туку повеќе дека ќе го зацврсти уверувањето од  претходната – дека Југоисточна Европа  е пред се одговорност на Европа во смисла на решавање на кризи, па дури и решавање на проблеми во рамки на Алијансата", вели Лесер.

Тој посочува на нешто што го нарекува „револуционерно свртување на американското гледање на регионот на Југоисточна Европа":

„ Ако овој разговор го имавме пред десет години, целата работа ќе се вртеше околу проблеми како грчко-турските односи, криза на Егејот или Кипар. Сето тоа денес е симнато од агендата, што на САД им овозможуваат да се фокусираат на други прашања со двете држави кои се во спор. Тука го вклучувам и проблемот со името со Македонија. Не мислам дека  администрацијата на Обама ќе ги избрише сосема овие прашања, но тие веќе немаат централно тежиште во американската надворешна политика и не гледам дека тоа ќе се промени во наредните неколку години. Има многу други проблеми на други страни кои силно им конкурираат на овие".

Но, Карен Донфрид, извршен потпретседател на ГМФ, сепак гледа одредена привилегираност на Југоисточна Европа во однос на другите европски држави. 

„Тоа што и оди во прилог на Југоисточна Европа кога ја гледаме сликата на таканречена поширока Европа, вклучувајќи ги Украина, Грузија и Белорусија, е многу реалната и блиска перспектива за членство во ЕУ и во НАТО. Тоа беше голем стимулирачки фактор за реформи во овие земји", вели таа.

Географијата и перспективата за членство во ЕУ за  Донфрид ја прави иднината на регионот ветувачка:

„Македонија на крајот ќе влезе во НАТО, спорот со името ќе земе време, решавањето ќе биде болно, но ќе заврши. И сите  овие земји исто така ќе се приклучат на ЕУ, што ќе создаде поинаква мапа во Европа", вели Карен Донфрид која се согласува со Лесер дека европските прашања САД се повеќе ќе ги оставаат Европејците сами да си ги решаваат.    


Download Германски маршалов фонд: Европските прашања САД ќе ги остават да ги решава Европа
Преземете  (WM)
Watch This Report Германски маршалов фонд: Европските прашања САД ќе ги остават да ги решава Европа
Watch  (WM)
E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Обама: Индустријата за здравствена заштита ќе ги намали трошоците

  Повеќе
Екипажот на Атлантис на мисија за поправка на Хабл
Петреус посочува на заканата од Талебан
Папата во посета на Израел
Во Техеран ослободена американската новинарска од иранско потекло
Републиканците тврдат дека затворањето на Гвантанамо е опасен чекор
Кина потврди прв случај на свински грип на главниот дел на својата територија
Алат што исфрла искри - причина за пожарите во Калифорнија
Вселенска мисија за поправка на телескопот Хабл
Владата на Обама ги зајакнува дипломатските редови
Кантри-пејачката Тања Такер со нов албум  Audio Clip Available
Интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ – регата, а не конвој  Video clip available
Вселенско рандеву на Атлантис со Хабл
САД: намален бројот на отпуштања од работа, но невработеност нараснала на 8.9%
Убиени 140 милитанти во акцијата во Сват, тврди пакистанската армија
Илјадници во Калифорнија ги напуштија домовите поради шумски пожар
Папата на блискоисточна турнеја порача дека длабоко го почитува исламот
Кливленд Кавалирс поведоа со 2-0 против Атланта Хоукс
Владиниот „стрес-тест“ утврди банките да ја зголемат сумата на пари на располагање
Гејтс: Мали се шансите Талебан да дојде до нуклеарното оружје на Пакистан
Претпазливите американски потрошувачи повторно купуваат
Пакистан започна воздушни напади против Талебан
Владиниот „стрес-тест“ ја покажа издржливоста на банките
Жестоки протести против цивилни жртви во Авганистан
Обама: САД, Авганистан и Пакистан имаат заеднички непријател
Обама најави буџетски скратувања од 17 милијарди долари
Шефот на руската дипломатија гостин во Белата куќа
СЗО се` уште го проучува „свинскиот грип“, препорачува внимателност
Телефонски разговор Барак Обама - Ху Џинтао
Меин стана петтата сојузна држава во САД со легализирани истополови бракови
Клинтон изрази жалење за цивилните жртви во Авганистан
Обама се среќава со лидерите на Пакистан и Авганистан