VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

06 Април 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Македонија: Иванов избран за претседател, Фрчкоски го призна поразот

06/04/2009

[insert caption here]
Македонија го доби четвртиот по ред претседател од прогласувањето на независноста.

На вториот круг од претседателските избори, според нецелосните резултати на Државната изборна комисија (ДИК), а врз ознова на добиените податоци од 2.775 од вкупно 2.976 избирачки места, убедливо победи кандидатот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, професорот Ѓорге Иванов со освоени 417.787 гласови, пред кандидатот на СДСМ и НСДП, професорот Љубомир Фрчкоски со 237.473 гласови. Според ДИК, цензусот е остварен со 42,86%.

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ оствари голема победа и на петтите по ред локални избори. Нејзините кандидати освоија градоначалнички места во најголемиот број општини, како и во Скопје, каде градоначалник ќе биде Коце Трајанов.

Вршителот на должноста претседател на опозициониот СДСМ Зоран Заев, кој повторно беше избран за градоначалник на Струмица и претседателскиот кандидат Фрчкоски го признаа поразот и честитаа на ВМРО-ДПМНЕ и на новиот претседател на државата Иванов на полноќ меѓу неделата и понеделникот, додека на централниот плоштад во Скопје симпатизерите на владеачката партија ја славеа победата.  Заев на прес-конференција изјави дека СДСМ ја прифаќа волјата на македонските граѓани, дека сега апсолутно целата власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, како и дека поради тоа „одговорноста за идните состојби лежи кај нив". Фрчкоски, покрај честитката за победата на Иванов, порача: „Господ нека и` е напомош на Македонија".

Иванов, пак, им се заблагодари на граѓаните за поддршката и кажа дека тие покажале дека Македонија може да спроведе европски и мирни избори.  „Покажавме дека знаеме со тој чин да ги отвориме европските перспективи за Македонија", рече Иванов. Тој најави дека веднаш ќе се зафати со „три клучни приоритети што ни претстојат како држава - Европската унија, НАТО и решавањето на името".

Според невладината организација Мост, која имаше најголем број на набљудувачи, цензусот е остварен со излезност од 43,14%. Како што изјави претседателот на Мост Дарко Алексов, од дадените гласови, 63,2% добил Иванов, а 36,8 Фрчкоски.

ДИК за понеделник најави нова прес-конференција. 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Екипажот на Атлантис на мисија за поправка на Хабл
Петреус посочува на заканата од Талебан
Папата во посета на Израел
Во Техеран ослободена американската новинарска од иранско потекло
Републиканците тврдат дека затворањето на Гвантанамо е опасен чекор
Кина потврди прв случај на свински грип на главниот дел на својата територија
Алат што исфрла искри - причина за пожарите во Калифорнија
Вселенска мисија за поправка на телескопот Хабл
Владата на Обама ги зајакнува дипломатските редови
Кантри-пејачката Тања Такер со нов албум  Audio Clip Available
Интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ – регата, а не конвој  Video clip available
Вселенско рандеву на Атлантис со Хабл
САД: намален бројот на отпуштања од работа, но невработеност нараснала на 8.9%
Убиени 140 милитанти во акцијата во Сват, тврди пакистанската армија
Илјадници во Калифорнија ги напуштија домовите поради шумски пожар
Папата на блискоисточна турнеја порача дека длабоко го почитува исламот
Кливленд Кавалирс поведоа со 2-0 против Атланта Хоукс
Владиниот „стрес-тест“ утврди банките да ја зголемат сумата на пари на располагање
Гејтс: Мали се шансите Талебан да дојде до нуклеарното оружје на Пакистан
Претпазливите американски потрошувачи повторно купуваат
Пакистан започна воздушни напади против Талебан
Владиниот „стрес-тест“ ја покажа издржливоста на банките
Жестоки протести против цивилни жртви во Авганистан
Обама: САД, Авганистан и Пакистан имаат заеднички непријател
Обама најави буџетски скратувања од 17 милијарди долари
Шефот на руската дипломатија гостин во Белата куќа
СЗО се` уште го проучува „свинскиот грип“, препорачува внимателност
Телефонски разговор Барак Обама - Ху Џинтао
Меин стана петтата сојузна држава во САД со легализирани истополови бракови
Клинтон изрази жалење за цивилните жртви во Авганистан
Обама се среќава со лидерите на Пакистан и Авганистан