VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

28 Април 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Економистите со поделени мислења за економскиот учинок на Обама

28/04/2009

President Obama in Newton Iowa, 22 Apr 2009
Како што
вели самиот, Барак Обама наследил неред кога ја презел Белата куќа.  Од првиот ден, претседателот не само што се заложи економијата да биде прашање број 1, туку вети и дека ќе ја поправи. Што постигна Обама на економски план во првите 100 дена?

Обама ја освои Белата куќа со пораката за надеж – национален копнеж за подобри денови, во време на најлошата економска криза уште од Големата депресија.

„Почнувајќи од денес, мора повторно да се кренеме и да започнеме со обнова на Америка“, им порача Обама на сонародниците кога стана претседател. 

Но, 100 дена подоцна, кога земјата се` уште пати од рецесија и се` побројна невработеност, критичарите велат дека напорите на претседателот не се осврнале на долгорочните потреби на нацијата.

„Би му дал на претседателот половичен успех во првите 100 дена, веројатно малку повеќе негативен отколку позитивен“, оценува Алан Вајард од конзервативниот Американски институт „Ентерпрајз“.  Тој коментира дека со буџетот на претседателот Обама во висина од 3,5 трилиони долари, владините приходи нема да можат да одржат чекор со растечките трошоци за социјалната и здравствена заштита.  Владиниот план за стимулирање на економијата, што вклучува намалување на даноците за средната класа, ќе обезбеди олеснување само на кус рок, смета Вајард.

„Таквите даночни олеснувања создаваат претстава дека се подобрува ситуацијата на даночните обврзници, бидејки добиваат пари денес, но од каде доаѓаат тие пари?  За тоа ќе треба да се надомести од идните даноци, или од истите даночни обврзници денес, или од нивните деца утре“, коментира Вајард. 

 

Но, поддржувачите на претседателот велат дека проблемите со кои се соочува земјата бараат итни решенија.  Некои велат дека е прерано да се процени дали ќе успее економската политика на Обама.

 

Аналитичарот Џошуа Пикер од Центарот за американски напредок е убеден дека претседателот е на вистински пат.

 

„Има извесно подобрување во податоците за продажба на мало и потрошувачката.  Охрабруваат и новите вести од пазарот на домување, но пред нас е долг пат“, вели Пикер. 

Иако признава дека политиката на претседателот не е совршена, Пикер стои учинокот на Обама на економски план – и дома и во странство, на Американците им дава нешто конкретно и итно потребно:  оптимизам.

 

„Претседателот направи исклучително добра работа уважувајќи ги проблемите со кои се соочуваме.  Времето ќе каже дали мерките ќе се покажат онолку ефикасни колку што посакуваше, но јас сум голем оптимист“, вели Пикер.

 

По сто дена од стапувањето на Обама на функцијата, тоа е оптимизам ублажен од реалноста.

 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Екипажот на Атлантис на мисија за поправка на Хабл
Петреус посочува на заканата од Талебан
Папата во посета на Израел
Во Техеран ослободена американската новинарска од иранско потекло
Републиканците тврдат дека затворањето на Гвантанамо е опасен чекор
Кина потврди прв случај на свински грип на главниот дел на својата територија
Алат што исфрла искри - причина за пожарите во Калифорнија
Вселенска мисија за поправка на телескопот Хабл
Владата на Обама ги зајакнува дипломатските редови
Кантри-пејачката Тања Такер со нов албум  Audio Clip Available
Интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ – регата, а не конвој  Video clip available
Вселенско рандеву на Атлантис со Хабл
САД: намален бројот на отпуштања од работа, но невработеност нараснала на 8.9%
Убиени 140 милитанти во акцијата во Сват, тврди пакистанската армија
Илјадници во Калифорнија ги напуштија домовите поради шумски пожар
Папата на блискоисточна турнеја порача дека длабоко го почитува исламот
Кливленд Кавалирс поведоа со 2-0 против Атланта Хоукс
Владиниот „стрес-тест“ утврди банките да ја зголемат сумата на пари на располагање
Гејтс: Мали се шансите Талебан да дојде до нуклеарното оружје на Пакистан
Претпазливите американски потрошувачи повторно купуваат
Пакистан започна воздушни напади против Талебан
Владиниот „стрес-тест“ ја покажа издржливоста на банките
Жестоки протести против цивилни жртви во Авганистан
Обама: САД, Авганистан и Пакистан имаат заеднички непријател
Обама најави буџетски скратувања од 17 милијарди долари
Шефот на руската дипломатија гостин во Белата куќа
СЗО се` уште го проучува „свинскиот грип“, препорачува внимателност
Телефонски разговор Барак Обама - Ху Џинтао
Меин стана петтата сојузна држава во САД со легализирани истополови бракови
Клинтон изрази жалење за цивилните жртви во Авганистан
Обама се среќава со лидерите на Пакистан и Авганистан