VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

04 Мај 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Економијата на ЕУ во многу полоша состојба од предвиденото


04/05/2009

Европа доби нови лоши економски вести со најавата на 27-члената Европска унија дека деловниот пад годинава ќе биде многу полош од претходно прогнозираното.

Економијата на ЕУ се очекува да забележи пад од четири проценти годинава – двојно повеќе отколку што беше предвидено во јануари.  Тоа е само една од неповолните вести што ги соопшти Европската комисија, извршната рака на ЕУ.  Така, невработеноста во ЕУ би требало да нарасне на 11, 5 проценти до 2010-та – најголемо ниво од Втората светска војна - наваму.  Во време кога владите инвестираат во планот за економско стимулирање, нивниот дефицит се очекува да нарасне на речиси 7, 5 проценти од бруто домашниот производ, што е двојно повеќе од износот што го дозволуваат правилата на ЕУ.

Еврокомесарот за економски прашања Жоакин Алмунија се обиде да понуди и посветла страна на работите.

„Изминатите недели се случија некои позитивни сигнали, вклучувајќи и заживување на финансиските пазари, подобрување на деловните очекувањата, подобрување на извозот во Азија – сите укажувајќи на стабилизирање на економијата во втората половина од годинава и постепено подобрување во 2010-та“.

Но, економската ситуација во Европа најверојатно ќе се влоши пред да се подобри.  ЕУ предвидува дека германската економија, најголемата на Стариот континент, да забележи опаѓање од 5,4 проценти годинава, што е поголемо од просекот во ЕУ.  Економијата на Летонија ќе биде уште потешко погодена – се очекува пад од 13,1 отсто во 2009-та, додека ирската економија би требало да опадне за девет проценти.

ЕУ предвидува дека опоравувањето би можело да започне наредната година, но само доколку банкарскиот систем и меѓународната трговија застанат на здрави нозе


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Бернанки гледа пораст на економијата подоцна годинава
Американско-кинески поморски инцидент
Зголемен број Американци на лекови за ментални болести
Мексико: Свинскиот грип ја оштети домашната економија 2,2 милијарди долари
Свинскиот грип може да се врати “со сета сила“, предупредува првиот човек на СЗО
Вирусите на грип се непредвидливи затоа што постојано се менуваат
Ирак: Нема продолжување на рокот за повлекување на американските сили од градовите
Секретарот Гејтс на турнеја на Блискиот исток
Обама во првите 100 дена на функцијата внесе промени
Облакодерот „Емпајар стејт билдинг“ „позеленува“  Video clip available
„Њујорк тајмс“:  САД загрижени за пакистанскиот нуклеарен арсенал поради талебанското бунтовништво
Обама предлaга даночна реформа за американските бизниси кои работат во странство
Економијата на ЕУ во многу полоша состојба од предвиденото
На новинар од Шри Ланка постхумно доделена награда за слободата на печатот
Милитантите убија 27 лица во Авганистан
Пораст на продажбата на оружје за Блискиот Исток
НБА: Атланта го елиминира Мајами
Хонг Конг потврди прв случај на свински грип
Фридом Хаус: Слободата на печатот во светот во опаѓање
САД: Работодавците на илегални работници на удар
Американскиот потпретседател ќе го посети Балканот
На глобално ниво - бројот на заболени од свински грип во пораст
Затворањето на Мексико влезе во сила
Протести на Денот на трудот во Турција и Германија
Поранешен „непријателски борец“ се изјасни за виновен за поддршка на тероризам
На претседателските избори во САД гласал најразнолик електорат досега
Африканците имаат најмногу генeтски варијации
САД: 13 земји во светот не почитуваат верски слободи
Судија на Врховниот суд во САД најави пензионирање