VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

04 Мај 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Свинскиот грип може да се врати “со сета сила“, предупредува првиот човек на СЗО

04/05/2009

Директорката на Светската здравствена организација (СЗО) Маргарет Чан предупреди дека епидемијата на свински грип од типот А-Х1Н1 би можела да се врати „со сета сила“, и покрај тврдењето на мексиканската влада дека заболувањето го достигнало својот зенит и започнало да опаѓа. 

A Red Cross volunteer wearing a surgical mask asks questions to Guatemalan Jose Antonio Miranda at the Guatemala-Mexico border crossing in Tecun Uman, Guatemala, 28 April 2009

Чан за „Фајненшал тајмс“ изјави дека падот на стапката на смртност во и надвор од Мексико не значи дека на епидемијата и дошол крај.  Таа сепак изрази надеж дека вирусот ќе започне да „губи здив“.  Но, доколку продолжи да се шири, „тоа би била најголемата епидемија што светот ја искусил во 21-от век“, смета Чан. 

Минатата недела, СЗО го подигна нивото на тревога на степен 5, сигнализирајќи дека во секој момент може да дојде до највисокиот степен - 6, што означува глобална пандемија.  Чан во интервјуто за „Фајненшал тајмс“ кажа дека не прогнозира пандемија, но дека се подготвува за неа.  СЗО за секој случај веќе испрати 2,4 милиони пакувања антивирусни лекарства во вкупно 72 земји во развој. 

Мексиканскиот министер за здравство Хосе Ангел Кордова во неделата кажа дека епидемијата во земјата навидум го достигнала врвот меѓу 23-ти и 28-ми април, како и дека бројот на тешки случаи е во опаѓање.  Мексико е центарот каде изби заразата.  Земјата потврди 19 починати и 487 заразени од грипот.  Во соседните САД има еден смртен и 226 потврдени случаи на заболени.

Научниците допрва треба да ја одредат силата и смртноста на оваа претходно непозната варијанта на грипот – комбинација на свински, птичји и човечки вируси.  Новата варијанта предизвика загриженост бидејќи се прошири надвор од вообичаените сезони на грип, а беше и смртоносна за здрави, помлади возрасни лица.   

Здравствените експерти стравуваат дека вирусот кодиран како Х1Н1 би можел посериозно да се закани за време на зимската сезона на грипот. 

Најмалку 20 земји потврдија случаи на грипот.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Бернанки гледа пораст на економијата подоцна годинава
Американско-кинески поморски инцидент
Зголемен број Американци на лекови за ментални болести
Мексико: Свинскиот грип ја оштети домашната економија 2,2 милијарди долари
Свинскиот грип може да се врати “со сета сила“, предупредува првиот човек на СЗО
Вирусите на грип се непредвидливи затоа што постојано се менуваат
Ирак: Нема продолжување на рокот за повлекување на американските сили од градовите
Секретарот Гејтс на турнеја на Блискиот исток
Обама во првите 100 дена на функцијата внесе промени
Облакодерот „Емпајар стејт билдинг“ „позеленува“  Video clip available
„Њујорк тајмс“:  САД загрижени за пакистанскиот нуклеарен арсенал поради талебанското бунтовништво
Обама предлaга даночна реформа за американските бизниси кои работат во странство
Економијата на ЕУ во многу полоша состојба од предвиденото
На новинар од Шри Ланка постхумно доделена награда за слободата на печатот
Милитантите убија 27 лица во Авганистан
Пораст на продажбата на оружје за Блискиот Исток
НБА: Атланта го елиминира Мајами
Хонг Конг потврди прв случај на свински грип
Фридом Хаус: Слободата на печатот во светот во опаѓање
САД: Работодавците на илегални работници на удар
Американскиот потпретседател ќе го посети Балканот
На глобално ниво - бројот на заболени од свински грип во пораст
Затворањето на Мексико влезе во сила
Протести на Денот на трудот во Турција и Германија
Поранешен „непријателски борец“ се изјасни за виновен за поддршка на тероризам
На претседателските избори во САД гласал најразнолик електорат досега
Африканците имаат најмногу генeтски варијации
САД: 13 земји во светот не почитуваат верски слободи
Судија на Врховниот суд во САД најави пензионирање