VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

04 Мај 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Затворањето на Мексико влезе во сила

01/05/2009

Да се спречи ширењето на вирусот на свински грип Ха1Ен1,од кој се разболеа стотици луѓе во Мексико и надвор од него, државата од денеска е во застој.

Училиштата, бизнисите и канцелариите чија работа не е неопходна ќе бидат затворени пет дена, а претседателот Фелипе Калдерон ги поттикнува луѓето да останат дома за време на празниците Синко де Мајо.

Мексиканските власти во четврток кажаа дека уште 40 лица покажале позитивни резултати на тестот за свински грип, со што бројот на потврдени случаи во земјата е 300, вклучувајќи 12 смртни случаи. Но, министерот за здравство Хозе Ангел Кордова вели дека бројот на луѓе кои побарале третман за симптоми налик на грип се намалил, сугерирајќи дека болеста можеби го достигнала зенитот.

Светската здравствена организација ги потврди случаите на заболени од вирусот во Мексико и во уште десет други држави, вклучувајќи 109 случаи во САД. 

СЗО до сега потврди 10 смртни случаи од болеста во Мексико и една во САД. САД се единствената држава со потврден смртен случај од болеста надвор од Мексико, епицентарот на болеста.

САД планираат да купат уште 13 милиони дози на вакцина за грип кои ќе се додадат на третманот за вирусот.

Секретарот за здравствени и социјални услуги, Кетлин Сибелиус, во четврток кажа дека 400 илјади од тие дози ќе бидат испратени во Мексико. САД веќе имаат повеќе од 70 милиони дози на антивирални лекови во резерви низ целата држава.

Неколку училишни системи во САД се затворени, но владата не ги затвора границите и ги охрабрува луѓето да патуваат во земјата како обично, освен ако чувствуваат  симптоми на грип.  

Грипот сеуште нема пропорции на пандемија, но СЗО бара државите да постапуваат во борба против ширењето на вирусот со „зголемено чувство на итност".

Министри на ЕУ во четврток одржаа вонредна средба по повод кризата, во Луксембург. Министрите од Асоцијацијата на југоисточните азиски држави планираат да се сретнат следната недела за координирање на постапките.

Вирусот се појавил во Австрија, Британија, Канада, Германија, Израел, Шпанија, Нов Зеланд, Холандија и Швајцарија. Властите испитуваат осомничени  случаи во Австралија, Коломбија, Франција, Данска, Јапонија и Јужна Кореја.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Бернанки гледа пораст на економијата подоцна годинава
Американско-кинески поморски инцидент
Зголемен број Американци на лекови за ментални болести
Мексико: Свинскиот грип ја оштети домашната економија 2,2 милијарди долари
Свинскиот грип може да се врати “со сета сила“, предупредува првиот човек на СЗО
Вирусите на грип се непредвидливи затоа што постојано се менуваат
Ирак: Нема продолжување на рокот за повлекување на американските сили од градовите
Секретарот Гејтс на турнеја на Блискиот исток
Обама во првите 100 дена на функцијата внесе промени
Облакодерот „Емпајар стејт билдинг“ „позеленува“  Video clip available
„Њујорк тајмс“:  САД загрижени за пакистанскиот нуклеарен арсенал поради талебанското бунтовништво
Обама предлaга даночна реформа за американските бизниси кои работат во странство
Економијата на ЕУ во многу полоша состојба од предвиденото
На новинар од Шри Ланка постхумно доделена награда за слободата на печатот
Милитантите убија 27 лица во Авганистан
Пораст на продажбата на оружје за Блискиот Исток
НБА: Атланта го елиминира Мајами
Хонг Конг потврди прв случај на свински грип
Фридом Хаус: Слободата на печатот во светот во опаѓање
САД: Работодавците на илегални работници на удар
Американскиот потпретседател ќе го посети Балканот
На глобално ниво - бројот на заболени од свински грип во пораст
Затворањето на Мексико влезе во сила
Протести на Денот на трудот во Турција и Германија
Поранешен „непријателски борец“ се изјасни за виновен за поддршка на тероризам
На претседателските избори во САД гласал најразнолик електорат досега
Африканците имаат најмногу генeтски варијации
САД: 13 земји во светот не почитуваат верски слободи
Судија на Врховниот суд во САД најави пензионирање