VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

01 Мај 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Хонг Конг потврди прв случај на свински грип

01/05/2009

Хонг Конг објави вонредна состојба за јавното здравје по првиот потврден случај на свински грип на територијата.

Тамошните здравствени лица ветија примена на „драконски“ мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Дваесет и петгодишниот турист од Мексико кој допатувал во Хонг Конг преку Шангај е првиот случај на заболен од свински грип на територијата.

Лицето се почуствувало болно неколку часа откако пристигнало во Шангај и веднаш побарало помош во најблиската болница, каде лекарите се посомневале дека има свински грип и веднаш го изолирале пациентот.

Првиот случај на свински грип беше потврден во осум часот навечер по локално време. За половина час, лидерот на Хонг Конг Доналд Цанг го крена нивото на претпазливост од пандемија од серизна на вонредна состојба.
 
Јорк Чо, секретар за здравство, вели дека хотелот Метропарк во кој отседнал туристот е затворен. Вработените и гостите се ставени во карантин за следните седум дена. Полицајци и здравствени официјални лица се распоредени во хотелот, лоциран во кварт каде наоѓаат ноќните клубови. Пријателите на мексиканскиот турист исто така се држат во карантин:

„Затоа што ова е прв случај на свински грип, мора да бидеме внимателни, бидејќи шансата за контролирање и задржување на заразата е ограничена. Се обидуваме да бидеме подраконски во спроведувањето на политиката. Се уште не знаеме колку е опасен овој вирус и не сакаме да се прошири во нашата заедница, како што не сакаме и да се прошири надвор од Хонг Конг“, изјави Јорк Чо.

Здравствените работници се уште ги проверуваат гостите по хотелите и близу 200 патници од истиот лет од Шангај меѓу кои бил мексиканскиот турист.

Чо најави дека ќе бидат преземени дополнителни мерки следните денови, почнувајќи со уште поголеми гранични контроли.

Во 2003-та, Хонг Конг беше погоден од САРС од кој починаа 299 лица и вирусот рапидно се прошири во неколку држави. Владата беше критикувана за слаб и бавен одговор на кризата, која буквално ги замре економските активности во градот.

Денес Хонг Конг е подготвен за свинскиот грип. Во Има резерви на 20 милиони дози лекови Тамифлу, што е речиси три пати повеќе од популацијата која брои седум милиони жители.

Здравствените власти во Азија ги активираа плановите за пандемија откако Светската здравствена организација го крена нивото на глобална претпазливост на второ највисоко ниво, предупредувајќи на „иминентна пандемија“.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Бернанки гледа пораст на економијата подоцна годинава
Американско-кинески поморски инцидент
Зголемен број Американци на лекови за ментални болести
Мексико: Свинскиот грип ја оштети домашната економија 2,2 милијарди долари
Свинскиот грип може да се врати “со сета сила“, предупредува првиот човек на СЗО
Вирусите на грип се непредвидливи затоа што постојано се менуваат
Ирак: Нема продолжување на рокот за повлекување на американските сили од градовите
Секретарот Гејтс на турнеја на Блискиот исток
Обама во првите 100 дена на функцијата внесе промени
Облакодерот „Емпајар стејт билдинг“ „позеленува“  Video clip available
„Њујорк тајмс“:  САД загрижени за пакистанскиот нуклеарен арсенал поради талебанското бунтовништво
Обама предлaга даночна реформа за американските бизниси кои работат во странство
Економијата на ЕУ во многу полоша состојба од предвиденото
На новинар од Шри Ланка постхумно доделена награда за слободата на печатот
Милитантите убија 27 лица во Авганистан
Пораст на продажбата на оружје за Блискиот Исток
НБА: Атланта го елиминира Мајами
Хонг Конг потврди прв случај на свински грип
Фридом Хаус: Слободата на печатот во светот во опаѓање
САД: Работодавците на илегални работници на удар
Американскиот потпретседател ќе го посети Балканот
На глобално ниво - бројот на заболени од свински грип во пораст
Затворањето на Мексико влезе во сила
Протести на Денот на трудот во Турција и Германија
Поранешен „непријателски борец“ се изјасни за виновен за поддршка на тероризам
На претседателските избори во САД гласал најразнолик електорат досега
Африканците имаат најмногу генeтски варијации
САД: 13 земји во светот не почитуваат верски слободи
Судија на Врховниот суд во САД најави пензионирање