VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

04 Мај 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Обама во првите 100 дена на функцијата внесе промени


04/05/2009

Барак Обама минатиот ноември беше избран за 44-ти претседател на САД, главно поради тоа што Американците бараа промена по осумте години на администрацијата на Џорџ Буш. 

President Barack Obama meets with his Cabinet at the White House, 01 May 2009
Најновото испитување на јавното мислење спроведено од Вашингтон Пост и Еј-Би-Си, покажува дека 69 проценти од анкетираните ја поддржуваат политиката на Обама, додека 26 проценти не го одобруваат неговиот начин на работа
Веднаш по изборот, Обама ја подвлече постигнатата промена.  „Поради тоа што го направивме овој ден, на овие избори, во овој одлучувачки момент, промената дојде во Америка“, рече новоизбраниот претседател. 

Желбата за промени беше очигледна при инаугурацијата на Обама, кога еден милион Американци го исполнија Националното шеталиште во Вашингтон за да го прослават изборот на првиот претседател афро-Американец во историјата на САД.

„Она што сега се бара од нас е нова ера на одговорност, признание од страна на секој Американец дека имаме обврска пред нас, пред нашата земја и пред светот“, кажа Обама при стапувањето на функцијата.

Некои од промените за време на првите 100 дена од мандатот беа драматични.  Обемниот пакет на Обама за стимулирање на економијата претставува негов досега најголем предизвик.  

Тој донесе и одлука за затворање на притворниот центар Гвантанамо на Куба, а постави и рок до август 2010 година поголемиот дел од американските сили да го напуштат Ирак.

„На едноставното прашање - дали земјата оди во вистинската насока или не? – има неверојатен оптимизам кај испитаниците, така што од аспект на промените, тој успеа да внесе промена за тоа во која насока се движат САД“, коментира политичкиот аналитичар Стјуарт Ротенберг, говорејќи за националното расположение.

Па сепак, републиканците генерално се противат на предлозите на Обама за даночни олеснувања и зголемени трошоци за проекти од јавен интерес, предупредувајќи дека тоа ќе доведе до огромен долг за идните генерации.

„Факт е дека треба да и` помогнеме на нашата економија, но мојата грижа е дека она што е предложено нема да функционира“, вели водачот на републиканците во Претставничкиот дом, Џон Бонер

Но, и покрај тоа, анкетите покажуваат дека претседателот успева да ја одржи поддршката во јавноста за својата политика, а, според експертите, со тоа добива предност во справувањето со Конгресот и оние кои го критикуваат.

Јавноста во голем дел стои зад претседателот за време на првите 100 дена откако е на функцијата.  Но тука се поставува и прашањето што ќе се случи доколку економијата не започне да се подобрува?

Кен Дуберштајн бил шеф на Кабинетот на претседателот Роналд Реган во доцните 80-ти години.  Тој оценува дека Обама смета на тоа јавноста да остане трпелива.

„Засега Обама е на добар пат поради фактот што јавноста го поддржува она што тој го чини, но треба да покаже одреден напредок и се надевам дека тоа ќе се случи во иднина“, вели Дуберштајн.

Најновото испитување на јавното мислење спроведено од Вашингтон Пост и Еј-Би-Си, покажува дека 69 проценти од анкетираните ја поддржуваат политиката на Обама, додека 26 проценти не го одобруваат неговиот начин на работа.  Обама доби високи оценки за начинот на кој се справува со економската криза и водењето на надворешната политика, но постои загриженост за влијанието на неговата политика врз буџетскиот дефицит во земјата и справувањето со кризата во американската автомобилска индустрија


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Бернанки гледа пораст на економијата подоцна годинава
Американско-кинески поморски инцидент
Зголемен број Американци на лекови за ментални болести
Мексико: Свинскиот грип ја оштети домашната економија 2,2 милијарди долари
Свинскиот грип може да се врати “со сета сила“, предупредува првиот човек на СЗО
Вирусите на грип се непредвидливи затоа што постојано се менуваат
Ирак: Нема продолжување на рокот за повлекување на американските сили од градовите
Секретарот Гејтс на турнеја на Блискиот исток
Обама во првите 100 дена на функцијата внесе промени
Облакодерот „Емпајар стејт билдинг“ „позеленува“  Video clip available
„Њујорк тајмс“:  САД загрижени за пакистанскиот нуклеарен арсенал поради талебанското бунтовништво
Обама предлaга даночна реформа за американските бизниси кои работат во странство
Економијата на ЕУ во многу полоша состојба од предвиденото
На новинар од Шри Ланка постхумно доделена награда за слободата на печатот
Милитантите убија 27 лица во Авганистан
Пораст на продажбата на оружје за Блискиот Исток
НБА: Атланта го елиминира Мајами
Хонг Конг потврди прв случај на свински грип
Фридом Хаус: Слободата на печатот во светот во опаѓање
САД: Работодавците на илегални работници на удар
Американскиот потпретседател ќе го посети Балканот
На глобално ниво - бројот на заболени од свински грип во пораст
Затворањето на Мексико влезе во сила
Протести на Денот на трудот во Турција и Германија
Поранешен „непријателски борец“ се изјасни за виновен за поддршка на тероризам
На претседателските избори во САД гласал најразнолик електорат досега
Африканците имаат најмногу генeтски варијации
САД: 13 земји во светот не почитуваат верски слободи
Судија на Врховниот суд во САД најави пензионирање