VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

30 Април 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Мексико се соочува со целосно затворање

30/04/2009

Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон ги поттикнува луѓето да останат дома додека федералната влада ги суспендира активностите што не се неопходни во напор да се спречи ширењето на свинскиот грип.

Во обраќање, пренесувано на телевизијата доцна во средата, Калдерон кажа дека домот е најбезбедното место за Мексиканците во ова време.

Мексиканската влада ги  суспендира активностите кои не се неопходни за наредните пет дена, започнувајќи во петок. Мексиканскиот министер за здравство, Хозе Кордова, кажа дека прехранбениот, медицинскиот и сообраќајниот сектор нема да бидат пореметени. Тој исто така  кажа дека  има 99 потврдени  случаи на свински грип во Мексико, од кои осум се  починати.

Светската здравствена организација го крена нивото на претпазливост за свински грип на Фаза 5, индицирајќи дека пандемија може да е неизбежна. Тоа е еден степен пониско од објавување на пандемија, која е дефинирана како болест што се јавува  во широко географско подрачје кај исклучително висок размер меѓу популацијата.  

Европската Унија ќе одржи итни разговори во четврток во Луксембург за да се дискутира за кризата.  
Американскиот претседател Барак Обама вели дека  избивањето на свинскиот грип е причина за длабока загриженост, но не и за паника.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Екипажот на Атлантис на мисија за поправка на Хабл
Петреус посочува на заканата од Талебан
Папата во посета на Израел
Во Техеран ослободена американската новинарска од иранско потекло
Републиканците тврдат дека затворањето на Гвантанамо е опасен чекор
Кина потврди прв случај на свински грип на главниот дел на својата територија
Алат што исфрла искри - причина за пожарите во Калифорнија
Вселенска мисија за поправка на телескопот Хабл
Владата на Обама ги зајакнува дипломатските редови
Кантри-пејачката Тања Такер со нов албум  Audio Clip Available
Интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ – регата, а не конвој  Video clip available
Вселенско рандеву на Атлантис со Хабл
САД: намален бројот на отпуштања од работа, но невработеност нараснала на 8.9%
Убиени 140 милитанти во акцијата во Сват, тврди пакистанската армија
Илјадници во Калифорнија ги напуштија домовите поради шумски пожар
Папата на блискоисточна турнеја порача дека длабоко го почитува исламот
Кливленд Кавалирс поведоа со 2-0 против Атланта Хоукс
Владиниот „стрес-тест“ утврди банките да ја зголемат сумата на пари на располагање
Гејтс: Мали се шансите Талебан да дојде до нуклеарното оружје на Пакистан
Претпазливите американски потрошувачи повторно купуваат
Пакистан започна воздушни напади против Талебан
Владиниот „стрес-тест“ ја покажа издржливоста на банките
Жестоки протести против цивилни жртви во Авганистан
Обама: САД, Авганистан и Пакистан имаат заеднички непријател
Обама најави буџетски скратувања од 17 милијарди долари
Шефот на руската дипломатија гостин во Белата куќа
СЗО се` уште го проучува „свинскиот грип“, препорачува внимателност
Телефонски разговор Барак Обама - Ху Џинтао
Меин стана петтата сојузна држава во САД со легализирани истополови бракови
Клинтон изрази жалење за цивилните жртви во Авганистан
Обама се среќава со лидерите на Пакистан и Авганистан