VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

27 Април 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
„Првите сто дена на Обама – глобална трибина“

Приклучете се на меѓународната публика на Гласот на Америка на 5-ти мај во 17:00 по македонско време, во специјалната двочасовна Интернет - ТВ - радио дискусија за првите сто дена на претседателот Барак Обама на функцијата. Ќе емитуваме во живо од Музејот на вести „Њузеум“ во Вашингтон. Поканивме истакнати експерти со меѓународно реноме да дискутираат што досега направила (или не направила) владата на Обама, со акцент на меѓународните односи, а посебно на ширењето на врските со муслиманскиот свет, Европа, Куба, Северна Кореја, и, разбирливо, светската економија.

Испратете ги Вашите прашања

Покрај стручњаците и дописниците на Гласот на Америка, сакаме и Вие да учествувате во овој глобален настан.
Прашањата и коментарите од публиката ќе бидат важен дел од дискусијата. Испратете ги преку:електронска пошта, Twitter и Youtube.

Прашања и коментарите за првите 100 дена на Обама на функцијата претседател може да ги испратите по електронска пошта на: MACEDONIAN@VOANEWS.COM, преку Twitter на @VOAMacedonian, како и преку нашиот канал на Youtube, каде може да ги испратите и како видео-порака.
глобална дискусија