VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

09 Јануари 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Русија ќе продолжи со испораката на гас кога ќе бидат испратени меѓународни набљудувачи

08/01/2009

Русија најави дека ќе продолжи со испораката на природен гас преку Украина за Европа, но само кога меѓународни наљудуваќи ќе започнат да го следат неговиот проток низ украинските гасоводи.

Директорот на руската државна компанија Гаспром Алексеј Милер зазеде ваков став по средбата во Брисел со посредство на Европската унија.  Милер рече дека ќе одржи дополнителни средби со првиот човек на украинската компанија Нафтогас Олег Дубина.  Милер додаде дека кризата, која остави голем број на веропски земји без адекватни количини на гас, мора да биде решена денес.  

Неколку часа по неговата изјава, претставници на ЕУ соопштија дека Украина го потпишала договорот за меѓународно набљудување, но не и Русија.  Официјални лица велат дека проблемот делумно се должи на тоа што Русија бара свои набљудувачи во екипите на ЕУ.   

Русија, која доставува четвртина од гасот што се користи во земјите на ЕУ, во средата прекина со испраќањето преку нафтоводот што од Украина води кон Европа. Русија бара Украина да плати полна пазарна цена за гасот. Украина возвраќа дека тоа би било двојно повеќе од сумата што е подготвена да ја плати.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Невработеноста во САД најголема во последните 15 години
Институт за мир: надворешнополитичките предизвици на новата администрација
Претставничкиот дом на Илиноис гласаше за отповикување на гувернерот Благојевиќ
Економскиот план на Обама предвидува 3 милиони нови работни места, проекти од јавен интерес  Video clip available
И Македонија почувствува последици од прекинот на руски гас  Video clip available
Година дена на пат околу светот барајќи мудрост од постари лица  Video clip available
Агенција на ОН ја прекина помошта за Газа, наведувајќи опасност од Израел
Арапските лидери во ОН расправаат за британската нацрт-резолуција за Газа
Обама предупреди на сериозни последици доколку не се преземат мерки против економската криза 
Потротрошувачите двапати размислуваат дали да купат – продавниците принудени да затворат 
Русија ќе продолжи со испораката на гас кога ќе бидат испратени меѓународни набљудувачи
Светската криза ги погаѓа и технолошките гиганти
Замена на срцев залисток – без операција  Video clip available
Отворен музеј на рокенролот во Њујорк   Video clip available