VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

08 Јануари 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Судството во Македонија: меѓу политички притосоци и барања за реформи

07/01/2009

[insert caption here]
Судството во Македонија не може да се ослободи од политичките стеги
, сметаат стручњаци во земјата и коментираат - и покрај сите реформи, нови проевропски закони, ништо не е доволно за преодна оценка во однос на самостојност и независност.

-Кај нас има притисоци на се` и сешто, бидејќи ние сме општетство во кое постои висок степен на политизираност.  Но, такви протисоци и влијание ќе имало и ќе има секаде и во сите сфери - не само во судството. Па сепак, целта на реформата е во судскиот систем да се вградат механизами за заштита од таквите влијанија, вели професорот Владо Камбовски.

Тој додава дека судството треба да изгради свои механизами за одбрана од ваквите притисоци.  На пример, јакнење на позицијата на Судскиот совет и зголемување на одговорноста на судиите при носењето пресуди.

Најголемите забелешки на експертите се на влијанијата што доаѓаат од извршната власт. Велат, и покрај декларираното дека се работи за трета власт, самостојна и независна, судството само навидум е такво.

-Извршната власт не смее да се меша во работата на судската власт.  Тоа се случува во Република Македонија, по однос на многу прашања - изборот на судиите, донесување на судските одлуки, итн., коментира професорот Никола Матовски.

Професорот Осман Кадриу пак, смета дека судството во најголем сегмент е неависно, но не целосно, бидејќи одделни сегменти сепак ја нарушуват ваквата слика:

-Сегашната регулатива, според наше мислење како правници, нуди една правна гаранција дека навистина имаме независно судство.  Меѓутоа, одделни појави што се случуваат укажуваат и упатуваат на заклучок дека во судството се` уште имаме влијание, и од политичките партии, и од другите власти.

Правниците признаваат дека вината за потклекнувањето пред политичките притисоци делумно сносат и судиите.  Тие мора да покажат поголема ефикасност и ажурност,  да ги скусат бескрајно долгите судски процеси, да носат квалитетни судски одлуки и да не подлегнуваат на корупција.


Listen to This Report Судството во Македонија: меѓу политички притосоци и барања за реформи
Преземете  (MP3)
Listen to This Report Судството во Македонија: меѓу политички притосоци и барања за реформи
Слушни (MP3)
E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Невработеноста во САД најголема во последните 15 години
Институт за мир: надворешнополитичките предизвици на новата администрација
Претставничкиот дом на Илиноис гласаше за отповикување на гувернерот Благојевиќ
Економскиот план на Обама предвидува 3 милиони нови работни места, проекти од јавен интерес  Video clip available
И Македонија почувствува последици од прекинот на руски гас  Video clip available
Година дена на пат околу светот барајќи мудрост од постари лица  Video clip available
Агенција на ОН ја прекина помошта за Газа, наведувајќи опасност од Израел
Арапските лидери во ОН расправаат за британската нацрт-резолуција за Газа
Обама предупреди на сериозни последици доколку не се преземат мерки против економската криза 
Потротрошувачите двапати размислуваат дали да купат – продавниците принудени да затворат 
Русија ќе продолжи со испораката на гас кога ќе бидат испратени меѓународни набљудувачи
Светската криза ги погаѓа и технолошките гиганти
Замена на срцев залисток – без операција  Video clip available
Отворен музеј на рокенролот во Њујорк   Video clip available