VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

16 Јануари 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
НАСА открила метан на Марс, дали е можно да постои живот?

16/01/2009

Американската вселенска агенција НАСА вели дека големите количини на гасот метан откриени на Марс би можеле да укажат на постоење на некаков вид на живот на планетата.  Ново истражување со помош на три копнени телескопи покажува дека речиси 21 илјада тони метан биле испуштени на Марс во текот на 2003-та.

Поголемиот дел на метанот на Земјата доаѓа од животинското варење на храната и органското распаѓање.  Но, научниците додаваат дека големите количини на метан испуштени на Марс би можеле да бидат резултат на хемиска реакција под површината на Црвената планета.  Научниците велат и дека новото истражување би можело да го промени начинот на кој НАСА испитува дали има траги на живот на Марс, како и дека НАСА би можела да го промени местото на приземјување на мисијата на Марс во 2011-та, за да биде во близина на едно од местата каде е забележано испуштање на метан.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе