VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

09 Јануари 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
И Македонија почувствува последици од прекинот на руски гас

09/01/2009

A gas pressure gauge is seen at a snow-covered transit point on the main pipeline from Russia in the village of Boyarka, near Kyiv, Ukraine, 06 Jan 2009
И Македонија е една од земјите во Југоисточна Европа која се најде засегната од запирањето на испораката на руски гас.  Дваесет производствени капацитети во земјавата работат на гас, од кои добар дел имаат значајно влијание врз трговскиот биланс и индустриското производство.  Владата оцени дека запирањето на испораката на рускиот гас кон Украина сериозно ја засега Македонија.

 -Македонија е засегната со конкретната ситуација.  Гледаме дека производствени капацитети во Република Македонија веќе го запреа производството.  Тоа се големи извозници од Република Македонија, вели вицепремиерот Ивица Боцевски.

Најпогоден е Макстил. Погоните на овој металопреработувачки капацитет се затворени, а илјада работници се пуштени на принуден одмор.

-Прво, не може да ги испочитуваме обврските кон нашите партнери.  (Второ,) ќе биде многу тешка состојба со опремата, бидејќи (ова се случува) во незгодно време на студени температури, кога е многу тешко да се одржува опремата.  Трето, најверојатно што е уште поглавно, ќе треба да видиме што да се направи со вработените, вели Митко Панев од Макстил.

Производството на Макстил учествува со 10 до 15 % во вкупниот извоз од Македонија.  Запирањето на тоа производство ќе го погоди и онака високиот трговски дефицит на Македонија. Оваа компанија исто така учествува со 7 % во индустриското производство.  Дел од дваесетте производствени капацитети во Македонија во меѓувреме ги префрлија своите погони на мазут, но тоа, пак, ќе предизвика еколошки проблеми, предупредија експертите. 

Македонското Министерство за надворешни работи на официјални Москва и Киев им пренесе дека е недозволиво поради билатерален проблем да трпат штета трети држави.


Watch This Report И Македонија почувствува последици од прекинот на руски гас
Преземете  (WM)
Watch This Report И Македонија почувствува последици од прекинот на руски гас
Watch  (WM)
E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Џејмс Лајон очекува новата американска влада да биде поангажирана на Балканот, шокиран што Грција не го признава македонскиот национален идентитет
Претставничкиот дом претстави нов план за стимулирање на економијата
Американскиот претседател  се збогува со дипломатскиот кор  
Расте бројот на лица во САД кои ја загубиле работата
Хилари Кинтон на чекор до потврдување на функцијата државен секретар
Хилари Клинтон се залага за „умна сила“ во односите со странство
Бин Ладен повика на „џихад“ против Израел
Вашингтон живее за инаугурацијата  Video clip available
Новински извештај:  „20-от грабнувач“ од нападите во 2001-ва бил измачуван во американски притвор
Американски ентерпрајз институт: Пред првото претседателско обраќање на Барак Обама до нацијата  Video clip available
Хјуман Рајтс Воч:  САД треба да го обноват лидерството во човековите права
Израел напредува во Газа, дипломатските напори во тек
Украина тврди презела се` за да обезбеди проток на гас