VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

14 Јануари 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Новински извештај:  „20-от грабнувач“ од нападите во 2001-ва бил измачуван во американски притвор

14/01/2009

Виш претставник на владата на претседателот Буш вели дека американски војници го измачувале таканаречениот „20-ти грабнувач“ на авионите со кои беа извршени терористичките напади врз САД во 2001-ва.

Според напис во вчерашното издание на „Вашингтон пост“, Сузан Крафорд, која е управник на системот на армиски комисии што беа формирани за да им се суди на притворениците во Заливот Гванатанамо на Куба, вели дека Мухамед Ал-Катани бил изложен на бројни сурови техники на испрашување, вклучувајќи и насилно соблекување, лишување од спиење и изложување на ниски температури.  Таа вели дека техниките биле дозволени, но биле применувани на преагресивен начин и упорно во периодот меѓу ноември 2002-ра до јануари 2003-та.

Крафорд за Пост изјави и дека Катани на двапати морал да биде хоспитализиран во Гвантанамо поради сериозни проблеми со срцето како резултат на техниките на испрашување.  Таа додава дека токму тој факт бил причината минатиот мај таа да ги отфрли обвинувањата против него за воени злосторства.

Саудискиот државјанин Катани бил заробен во Авганистан и префрлен во Гванатанамо во 2002-ра.  Властите велат дека се обидел да влезе во САД за да учествува во терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва, но барањето за виза му било одбиено.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе