VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

14 Јануари 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Хилари Клинтон се залага за „умна сила“ во односите со странство

14/01/2009

Secretary of State-designate Sen. Hillary Rodham Clinton, right, is greeted by Senate Foreign Relations Committee members Sen. Christopher Dodd, Sen. John Kerry, prior to start of hearing, 13 Jan 2009
Сенаторот Хилари Клинтон вели дека ќе спроведува таканаречена „умната сила", како делод ревитализирање на американската дипломатија, доколку биде потврдена на функцијата државен секретар.  Поранешната прва дама на САД неодамна беше на распит во Сенатот по повод потврдувањето, при што рече дека има намера да работи САД повторно да станат светски лидер.

Без директно да се осврне на администрацијата на претседателот Буш, Клинтон истакна дека Белата куќа на чело со Обама, ќе поведе нов курс на дипломатија:

„Новоизбраниот претседател и јас, веруваме дека надворешната политика мора да биде базирана на спој на принципи и прагматизам, а не на стриктна идеологија".

Клинтон додаде дека Америка мора да посегне по своите сојузници и да ги оствари заедничките цели.

„Мора да ја употребиме таканаречената „умна моќ", целокупната лепеза која ни стои на располагање – дипломатски, економски, политички, воени, правни и културни фактори", рече таа.

Хилари Клинтон можноста терористите да дојдат до оружје за масовно уништување, ја нарече најголема опасност со која се соочува Америка.  Таа истакна дека САД мора да работат на планот за убедување на другите земји за намалување на залихите на нуклеарно оружје.

Поранешната прва дама на САД за време на сослушувањето пред Сенатската комисија за односи со странство подвлече  дека администрацијата на Обама ќе бара, како што ја нарече, темелна стратегија против теророт.

Сенаторот Џон Кери, новиот претседавач на Комисијата го постави прашањето за идната политика на тимот на Обама во однос на Иран.  Вашингтон го обвинува Техеран за обид за производство на нуклеарно оружје, Техеран ги порекнува обвинувањата. Клинтон рече дека целта е „да сториме се што е можно да го решиме спорот преку дипломатија, преку воведување на санкции, преку креирање на подобра коалиција меѓу земјите за кои веруваме дека дека би имале голем удел во потенцијалното спречување на Иран да стане нуклеарна веле сила.  Не исклучуваме ниту една опција, се` е на маса".

Што се однесува до нуклеарната програма на Северна Кореја, шестраните разговори Клинтон ги нарече „поттик" за да се изврши притисок врз Пјонгјанг за ставање крај на нуклеарните активности.

Во однос на фондовите на нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон наменети за неговата хуманитарна организација, Клинтон истакна дека дополнителните донации за потребите на организацијата нема да влијаат на нејзиното работење.  Номинацијата на Хилари Клинтон на функцијата државен секретар се очекува да биде потврдена од Сенатот наредниот вторник.

 

 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Хилари Клинтон се залага за „умна сила“ во односите со странство
Американски ентерпрајз институт: Пред првото претседателско обраќање на Барак Обама до нацијата  Video clip available
Вашингтон живее за инаугурацијата  Video clip available
Бин Ладен повика на „џихад“ против Израел
Новински извештај:  „20-от грабнувач“ од нападите во 2001-ва бил измачуван во американски притвор
Украина тврди презела се` за да обезбеди проток на гас
Обама ќе нареди затвoрање нa Гвантанамо
Хилари Клинтон на сенатски распит за потврдување на функцијата државен секретар
Новински извештај тврди - Обама ќе ја преоцени американската мисија во Авганистан
Претседателската инаугурација во САД ја симболизира мирната транзиција на власта веќе 220 години
Повторно пречки во договорот меѓу Русија и Украина за испорачување на гас
Мешањето на лекови со други производи е опасно, особено за постарите лица  
Буш се збогува со новинарите во Белата Куќа
Фридом Хаус: Опаѓање на глобалните слободи трета година по ред
Продолжуваат разговорите за името меѓу Македонија и Грција
Меѓународната кризна група повика на решавање на спорот со името поради стабилизација на Балканот
Предавање на палката – конференција за надворешната политика на САД  Video clip available
Трите најголеми авто-производители во САД се фокусираат на поекономични возила
Бројот на загинати Палестинци во Газа нарасна на 900
Русија ќе продолжи со испораката на гас за Европа во вторник