VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

14 Јануари 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Израел напредува во Газа, дипломатските напори во тек

14/01/2009

An explosion from an Israeli airstrike is seen in Rafah, in the southern Gaza Strip, 13 Jan 2009Палестински медицински извори тврдат дека преку 1.000 лица загинале во досегашните израелска армиска акција против милитантните во Газа, како и дека голем број од загинатите се жени и деца.  Оваа бројка не можеше да биде потврдена од независен извор, но ОН имаат кажано дека претходните такви проценки во основа беа веродостојни.  Во судирот што трае веќе 19 дена загинаа и 13 Израелци.

Директорот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст Јакоб Келенбергер денес по посетата на Газа изјави дека ситуацијата е шокантна.

Боливискиот претседател Ево Моралес соопшти дека неговата земја ги прекинала дипломатските врски со Израел поради армиската офанзива.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, кој со посетата на Египет ја започна својата неколкудневна бликоисточна мисија, денес го повтори повикот за итен и траен прекин на огнот.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе