VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

09 Јануари 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Година дена на пат околу светот барајќи мудрост од постари лица

09/01/2009

Andrew Zuckerman's "Wisdom" is a collection of interviews and portraits of 51 elders; the book comes with a 60 minute DVD with selected highlights from interviews
Режисерот и фотограф Ендрју Закерман мина цела година разговарајќи со постари лица.  Вели – западното општество е толку опседнато со младоста што го занемарува животното искуство на постарите.  Тој издаде книга со портрети и 60-минутно видео, едноставно насловени „Мудрост“. 

Закерман патувал по светот со една цел – да собере мудрост од педесетина постари лица:

-Бев инспириран од цитат на Дезмонд Туту дека најдобриот подарок за наредната генерација е нашето искуство и мудрост.

Свештеникот Дезмонд Туту е еден од соговорниците во филмот.  Тој вели:

-Поблажено е да дадеш отколку да примиш, бидејќи и кога даваш, иако така не изгледа, ти сепак примаш.

Во филмот свои максими откриваат познати лица како државниците Нелсон Мендела и Вацлав Хавел, уметниците Ендрју Вајет и Естер Малангу, музичарите Вили Нелсон и Дејв Брубек, истражувачот Џејн Гудал и астронаутот Баз Олдрин.  Закерман вели дека целта му била да собере што е можно повеќе различни гледишта, оти мудроста има многу лица.

Рок музичарот Греам Неш дава ваква животна филозофија:

-Животот не е, ниту ќе биде совршен.  Употребете го до максимум и отворете го срцето за она што светот може да ви го подари. 

Уметникот Чак Клоус има брачен совет:

-Женет сум веќе 40 години.  Тоа не е еден брак – досега личи на четири или пет различни. 

А уметноста на стареењето според британскиот автор Росамунд Пилчер е дека:

-Не прекинувате да правите работи бидејќи сте остариле.  Сте остариле бидејќи сте прекинале да правите некои работи.

Закерман коментира:  сите овие луѓе даваат непроценлив придонес на општеството и човештвото бидејќи – останале активни. 


Watch This Report Година дена на пат околу светот барајќи мудрост од постари лица
Преземете  (WM)
Watch This Report Година дена на пат околу светот барајќи мудрост од постари лица
Watch  (WM)
E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Џејмс Лајон очекува новата американска влада да биде поангажирана на Балканот, шокиран што Грција не го признава македонскиот национален идентитет
Претставничкиот дом претстави нов план за стимулирање на економијата
Американскиот претседател  се збогува со дипломатскиот кор  
Расте бројот на лица во САД кои ја загубиле работата
Хилари Кинтон на чекор до потврдување на функцијата државен секретар
Хилари Клинтон се залага за „умна сила“ во односите со странство
Бин Ладен повика на „џихад“ против Израел
Вашингтон живее за инаугурацијата  Video clip available
Новински извештај:  „20-от грабнувач“ од нападите во 2001-ва бил измачуван во американски притвор
Американски ентерпрајз институт: Пред првото претседателско обраќање на Барак Обама до нацијата  Video clip available
Хјуман Рајтс Воч:  САД треба да го обноват лидерството во човековите права
Израел напредува во Газа, дипломатските напори во тек
Украина тврди презела се` за да обезбеди проток на гас